Во Ковид центарот при Општата Болница Охрид во моментов се лекуваат 40 пациенти, информира Министерството за здравствео. Во ковид-центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје во моментов се лекуваат вкупно 342 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои во Струга 18 болни.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
OhridNews