Во операција предводена од романската полиција и граничната служба, со поддршка на Европол и учество на бугарската полиција, се уапсени осум лица и е разбиена организирана криминална мрежа која шверцувала мигранти долж балканската рута, соопшти денеска Европол.

Осомничените илегално превезувале мигранти од Бугарија и Романија во Западна Европа, се наведува во соопштението.

За време на операцијата биле претресени девет локации, а беа уапсени осум романски и сириски државјани. Истовремено, во едно од скривалиштата биле откриени 32 мигранти, а запленети се документи, електронска опрема и парични средства.

OhridNews