Организацијата на Обединетите нации (ООН) објави дека според прогнозите, до 31 октомври во светот ќе живеат повеќе од седум милијарди луѓе, а до крајот на 21-от век нивната бројка ќе изнесува повеќе од 10 милијарди, пренесува „Макфакс“.
Исто така се предвидува дека кон средината на овој век на планетата ќе живеат околу 9,31 милијарда луѓе што е повеќе од претходната прогноза, пред две години се предвидуваше дека до средината на 21-от век на Земјата ќе живеат 9,15 милијарди луѓе.
Зголемувањето на жителите на планетата се објаснува со намалениот морталитет и зголемениот наталитет на глобално ниво.
Од Фондот на ООН за населението – УНФПА објавија дека на 24 октомври ќе започне седмо дневното одбројување со кое ќе бидат обележани неколку настани, во 1998 година во светот беа забележани шест милијарди жители. Во соопштението стои дека во 2100 година на планетата Земја ќе живеат 10,1 милијарда луѓе.
Функционерот на ООН, Герхард Хелинг објави интересен податок според кој бројот на жителите во Кина, во која сега живеат 1,34 милијарди луѓе, до 2100 година ќе изнесува помалку од една милијарда, додека населението во Русија до 2050 година од сегашните 143 милиони ќе се намали на 126 милиони.
OhridNews
извор: „Макфакс“