Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесувала 17.020 денари и во однос на октомври лани е поголема за девет проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Во октомври годинава 7,7 проценти од вработените во Македонија не примиле плата што е за 3,9 проценти помалку во споредба со истиот период лани.