Државниот инспекторат за труд во текот на октомври  годинава изврши вкупно 6906  контроли од областа на работните односи и од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Државните инспектори од областа на работните односи извршија вкупно 4960 инспекциски надзори од кои 4286  редовни, 521  контролни инспекциски надзори и 153 надзори по писмени барања од странки. Затекнати се вкупно 1803 непријавени работници и по донесените 731 решенија за забрана на работа на работодавачот (чл.259), се пријавени 1281 работници.

Инспекторите за труд во октомври годинава донеле 178 решенија за отстранување на повредите на Законот и други прописи (чл.258) и  26 решенија  за усогласување на работното време со бројот на вработените во трговија (чл.52 од Законот за трговија).
Поднесени се и  812  барања за поведување на прекршочна постапка. 

Државните инспектори од областа на безбедност и здравје при работа во  октомври извршија вкупно 1946  инспекциски надзори од кои 1625 редовни и 321 контролни инспекциски надзори. При тоа, се донесени  681 решенија за отстранување на утврдени недостатоци од областа на безбедноста и здравјето при работа  и 11 забрани за работа за деловни простории или орудија за работа во деловни простории.

Инспекторите од  областа на безбедноста и здравјето при работа извршиле 21 увид на самото место за потешки повреди на работа,  од кои една несреќа  со  смртни последици.

Поднесени се 38 барања за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за инспекција на трудот, како и три кривични пријави.

Извор: МТСП