ОК на ВМРО ДПМНЕ на прес конференција денеска реагираше на најавите на актуелниот градоначалник за изградба на пет монументални споменици во Охрид.

– Не можевме да се начудиме на неговата смелост, а и загрижени сме за неговата партиска иднина. Додека неговата матична партија фрла дрвја и камења  по проектот на Владата за изградба на споменици на градителите на нашиот идентитет и историја, тој најавува изградба на пет нови споменици во центарот на градот! Ние, се разбира, го поддржуваме таквиот проект. Меѓутоа … Какво лицемерие, каков маркетинг, каков лажен патриотизам! Или пак, можеби конечно СДСМ ја прифати програмата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, па во иднина ќе може и да соработуваме? – рече раководителот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Спасе Панџак.

Тој запраша кои се капиталните објекти изградени во Охрид  во изминатите 4 години и на што се потрошени 30 милиони евра, наведувајќи дека рејтингот на Петрески во моментов е понизок од тој на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче.

Ohridnews