Во близина на Охрид, најстарото населено место во светот каде со милениуми во континуитет битисувале разни цививилизации, деновиве е откриено вредно археолошко наоѓалиште кое фрла ново светло на животот на ова поднебје во далечното минато.
Иако во јавноста се шпекулира за и околу откритието, но и самата локација, надлежните од институциите задолжени за заштита на културното наследство се исклучително внимателни со пласирање на информации. Локалитетот соодветно е обезбеден и заштитен.
Одговорните лица директно вклучени во археолошките истражувања со кои контактираше Охридњуз, велат дека се работи за епохално откритие во рангот на богатата археолошка ризница од Требеништа.
Што точно е пронајдено, каде, од кој период потекнуваат артефактите кои според стручњаците имаат исклучителна вредност, како и други детали кои јавноста со нетрпение ги очекува, ќе биде соопштено утре на прес конференција во Охрид на која ќе присуствува министерот за култура Зоран Љутков.
Г.М.
Фото илустрација: Охридњуз