Покрај коодинаторот на акцијата за пошумување, Ј.П. “Македонски шуми,” под мотото на акцијата се приклучи и Националниот парк “Галичица”, кој со донација на фирмата “Митан пром”, самоиницијативно засадија уште 4000 млади садници во селото Коњско. Тоа значи дека во охридско денес беа засадени вкупно 29.000 садници.
„Ден на дрвото – Растеме заедно“
Во охридско се засадија 29.000 млади садници
За превоз на граѓаните кои беа вклучени во акцијата, од страна на организаторите на акцијата, беше организиран бесплатен превоз со 20 автобуси. Зпочнувајќи од 9 часот, превозот ротираше на секои два часа. Почетна и завршна станица на автобусите беа неколку основни и средни училишта во Охрид.
Во рамки на последната акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ која се одржа на 13 ноември 2009 година, охриѓани засадија околу 100.000 садници јасен на површина од околу 50 хектари. Тогаш се пошумуваше на просторот на „Мазатар“, на месноста „Мауцкер“, на падините во правец на „Буково“ и во реонот на Белчишта кај месноста „Долна краста“.