Во охридско наскоро ќе започне изградбата на повеќе мали хидроцентрали. Министерот за економија Фатмир Бесими денеска ги потпиша Договори за концесија за вода за изградба на пет мали хидроцентрали за производство на електрична енергија на водотеците на Песочанска, Тресонечка, Слатинска и Коселска Река.

Хидроцентралите ќе ги градт конзорциумот ЏСП Актуел ДОО – Хидроват ДОО, Фероинвест и конзорциумот Флекскавер Инмарк заедно со физичкото лице Ристо Николовски, а вкупната инвестиција се проценува на околу 5 милиони евра.

Се очекува хидроцентралите да бидат изградени во период од две години.

Ohridnews