435 првачиња се запишани во охридските основни училишта за учебната 2024/2025 година, што е за десет помалку споредбено со минатата година кога беа запишани 445 првачиња.

Од нив најголем број во ООУ „Григор Прличев“ – 114, по што следуваат ООУ „Христо Узунов“ – 100, ООУ „Свети Климент Охридски“ – 69, ООУ „Братство Единство“ – 54, ООУ „Кочо Рацин“ – 33, ООУ „Живко Чинго“ с.Велгошти – 28, ООУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец – 23 и ООУ „Свети Наум Охридски“ с. Пештани -14, информираат од Секторот за образование при Општина Охрид.

Најголема бројка на запишани првачиња, сепак, се бележи во учебната 2022/2023 кога образовниот процес го започнаа 523 првачиња.

Низ годините наназад податоците говорат дека во учебната 2021/2022 се запишале 504 првачиња, во учебната 2020/2021 биле запишани 480, додека во учебната 2019/2020 биле запишани 483 првачиња.

Во однос на обврската за реонско запишување од Секторот за образование велат дека истата се почитува.

Се почитува реонското запишување на ученици согласно сите предвидени процедури, додаваат.

Поднесувањето на документи за упис на првачињата се реализираше во текот на месец мај заклучно со последниот ден од месецот.

Н.С.Ј.