Од наредната школска година, секое дете во училиштата во земјава еднаш дневно ќе добива чаша млеко збогатена со флуор.

Ова се предвидува со Националната програма за спречување на кариесот во Македонија. За таа цел наскоро ќе отпочне реализацијата на проектот за флуоризација на млекото во кој се вклучени четири млекарници:  „Лабрадор“-Охрид, Битолската млекара, „Здравје“ Радово и „Јока“.


од есен стартува флуоризацијата на млекото во Македонија

 „Лабрадор“  ќе го покрива регионот на Охрид( 13.000 ученици), Ресен Струга(19.700 ученици) и Дебар. Во проектот  кој ќе се реализира преку Министерствата за здравство, за за труд и социјална политика, за образование и локалната самоуправа, вклучени се  200 стоматолози, од што 20 ќе работат во охридскиот регион.


подготвени за флурозација-сопствениците на „Лабрадор

Проектот кој всушност е поддршка на Националната стратегија за борба против кариесот која ќе биде преточена во закон, ќе се реализира со подршка на Светската здравствена организација-СЗО, а финансирањето ќе го врши фондацијата „Боров“ од Англија.

За таа цел вчера во Охрид пристигна основачот на фондацијата Најџел Боров, кој се сретна со раководителот во секторот за стоматологија при Министерството за здравство,  Бранко Милошески и со сопствениците на млекарницата „Лабрадор“ .„Целта е преку СЗО превентивно да делуваме во борба против кариесот, и со оглед на потенцијалот на млекарниците во Македонија и тоа што го видов денеска во „Лабрадор“ во Охрид, не се сомневам дека ќе успееме“, рече Најџел Боров. Тој истакна дека моделот кој македонското министерсво за здравство го применува во превенирањето на кариесот е пример за другите земји во регионот.

За прв пат во Македонија доаѓа најголемата светска фондација „Боров“, која што е директно испратена од  СЗО која што ќе помогне во флуоризирање на млекото и во спречување на кариесот кај децата до 14 години“, истакна раководителот во секторот за стоматологија при Министерството за здравство,  Бранко Милошески. Во овој момент децата во Македонија во просек имаат по 6 расипани заби што е на врвот во Европа, а очекувањата се дека со овој проект за 2 години кариесот кај младата популација ќе се намали за 75%, рече Милошески.

Рализацијата на проектот ќе почне во октомври и ќе трае 10 години во две фази од по 5 години.

Горан Момироски