Вкупно 1214 слободни места има во трите средни средни училишта во Охрид, каде денеска започнува уписот на ученици во прва година.

Во општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ во прва година ќе се запишат 510 ученици
во 15 паралелки. Во гимназиско образование ќе се запишат 272 ученици,
во економско- правна и трговска струка – 170 ученици,  5 паралелки и во
здравствена  струка – 68 ученици, 2 паралелки .


Во електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ во прва година ќе се запишат 466 ученици во
14 паралелки. Во машинска струка ќе се запишат 170 ученици, во
електротехничката 194, во сообраќајната 68 и во новоотворената резбарска паралелка ќе учат 34 ученици.


Во општинското угостителско-туристичко училиште “Ванчо Питошески“ во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки.

Резултатите
од првото пријавување ќе бидат објавени на 20 јуни. Второто пријавување
во јунскиот уписен рок е на 1 и 2 јули, а резултатите ќе бидат објавени
на 3 јули. Вториот уписен рок е на 20 август. Училиштата каде што ќе се
појави поголем интерес на учениците со ист број поени, а каде што се
предвидени помалку слободни места, ќе се полага приемен испит на 25
јуни, а резултатите ќе бидат објавени на 26 јуни.

Ohridnews