Во трите охридски средношколски центри во учебната 2009/10 според распишаните конкурси, можеа да се запишат вкупно 1044 ученици од кои 442 во ОСУ „Свети Климент Охридски“, 364 во ЕМУЦ „Сцети Наум Охридски“ и 238 во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

По вториот уписен рок во сите три средношколски центри останаа слободни места  за вкупно 319 учуници, синформираат од локалната самоуправа.  Во ОСУ „Свети Климент Охридски“ има вкупно 67 слободни места (од нив 20 во гимназиски паралелки, 30 во економските и 17 за здравствената струка); во „Ванчо Питошески“ слободни места останаа 83 (од нив 40 за келнери, 21 за готвачи и 22 за хотелско-туристички техничар); во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ вкупно непополнети места останаа 169 од кои 44 за тригодишно, а 125 за четиригодишно образование.

Ohridnews