Во трите средношколски центри во Охрид, во учебната 2009/10 година можат да се школуваат вкупно 1044 новозапишани ученици.

Гимназијата односно ОСУ „Св.Климент Охридски“, според конкурсите, ќе може да упише вкупно 442 завршени полуматуранти во 13 паралелки. Од нив, 272 ученици во 8 паралелки за гимназиското оразование, 136 ученици во 4 паралелки за економска струка и 34 ученици во 1 паралелка за здравствена струка.

Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ има маста за 364  новозопишани ученици во 11 паралелки. Најголем број, 160 ученици или 5 паралелки се за електо-струката, 4 паралелки со 136 ученици се за машинската струка и по една паралелка односно по 34 ученици во струките за сообраќај и лични услуги.

Вкупно 238 завршени осмоодделенци во 7 паралелки можат да го продолжат своето средношколско образование на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од нив, 102 ученика или 3 паралелки се за насоката готвачи, а по 68 ученици односно по 2 паралелки за насоките хотелско-угостителски техничар и келнери.

Учебната 2008/09 година во охридските основни училишта ја завршија вкупно 744 осмоодделенци. За нив, согласно законската регулатива, средното образование е задолжително.

Ohridnews