Од министерството за образование и наука информираат дека по сместувањето на студентите согласно Конкурсот во првиот предвиден рок, во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, има вкупно 1564 непополнети места. Во охридскиот студентски дом „ Никола Карев“ слободни се уште 38 легла.
Во скопските студентски домови: „ Гоце Делчев“- 111, „ Стив Наумов“ трета зграда- 341, „ Пелагонија“- 261, „ Томе Стефановиќ Сениќ“- 543 легла.
Од министерството информираат дека од денес, 15- ти септември до 25- ти септември ќе продолжи електронското пријавување до пополнувањето на слободните места , но најдоцна до 25.09.2015 година.
На Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2015/2016 година имаат право да конкурираат сите студенти кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.
OhridNews