Во пресрет на денот на „Свети Климент Охридски“ – патронот на нашиот град, подрачното одделение на Архивот во Охрид постави во својот хол црковни извадоци кои се рачно пишувани во 1984 година од страна на Јадранка Продониќ во чест на овој голем празник, како и поставка за значението на „Свети Климент Охридски“.
„Свети Климент Охридски“ -основоположникот на македонската црковна и народна духовност, со унапредување на словенската просвета, го продолжува делото и мисијата на неговите учители Светите браќа „Кирил и Методиј“. Да ги следиме универзалните вредности на „Свети Климент“ со почит, разбирање и помагање. – вели раководителот доц.Д-р Никола Митровиќ Бабе.
Од Архивот во Охрид информираат дека во иднина значајните празници оваа институција ќе ги збогатува со свои документи.
OhridNews