Во рамки на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти во летниот период, за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, општинскиот Црвен крст организира крводарителска акција.
Акцијата ќе се реализира утре, 3- ти јули, од 10 до 14 часот во просториите на охридската гимназија, ОСУ „ Св.Климент Охридски“.
Се покануваат хуманите сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост и даруваат крв.
OhridNews