Министерството за образование и наука – МОН, според втората нацрт верзија на Конкурсот за запишување ученици во средните училишта во Охрид во учебната 2008/09 година предвидува во општинското средно учичиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид догодина да бидат оформени паралелки на албански и турски наставен јазик. Според предлогот на МОН во прва година во Гимназија ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки: 442 ученици во 13 паралелки со настава на македонски јазик, 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик.
Во прва година во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се запишат 466 ученици во 14 паралелки, додека во прва година во Општинското Угостителско-Туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки.
Во охридската локална самоуправа велат дека се изненадени од најавите за отворање паралелки на албански и турски јазик во гимназијата бидејќи во овој образоовен центар во прва година се запишуваат вкупно едвај 7-8 ученици од албнаска и турска националност и дека министерството било известено за тоа.
Сепак МОН најави дека ова не е конечна верзија на конкурсот. Како што се наведува во информацијата од министерството поради пропусти за планираните слободни места во претходните две верзии, ќе биде изготвена трета, конечна верзија на Конкурсот за запишување ученици во средно образование во 2008/2009 година.
Наспроти реакциите на локалните самоуправи и директорите на средните училишта во земјава дека МОН предвидел упис на поголем број ученици Албанци отколку што има потреба, ресорниот министер Сулејман Рушити со став дека не прави ништо конспиративно туку само го почитува Законот за средно образование кое од 1 септември ќе биде задолжително за сите ученици кои сега се полуматуранти. „ Според тој закон, ние сме принудени и задолжени на сите ученици кои завршуваат осмо одделение да им обезбедиме упис во прва година средно најблиску до местото на живееење на нивниот мајчин јазик“, изјави министерот Рушити.
Ohridnews