Во Ковид центарот при Општата болница во Охрид, хопситализирани се 53 пациенти со Ковид 19, информира Министерството за здравство. Во Струга тој прој е значителнои помал, односно во болницата во овој град се лекуваат 23 ковид позитивни пациенти.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава се хоспитализирани вкупно 636 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

OhridNews