По повеќе од 15 години пауза во НУ Библиотека „Григор Прличев“ профункционира во целосна смисла на зборот одделот за обработка на сериски публикации.
Наталожената со години периодика, библиотекарот Владимир Куциноски, по поминатите стручни обуки започна да ја селектира и внесува во COBISS 3 системот.
Во мигов на COBISS 3 можат да се побараат податоци, но и да се користат во нашата читална 1350 библиотечни единци. Паралелно со обработката одеше и средувањето на депото во кое најбројни се: дневниот печат, годишните, полугодишните и месечните публикации од сите области. На пример, од нашиот најстар македонски дневен весник „Нова Македонија“ кај нас ги поседуваме и броевите кои почнале да се објавуваат после 1949 година, па наваму, велат од Библиотеката.
По повторното отворање на работното место – книговезец, додаваат, минатата година по пауза од десеттина години биле создадени минимални услови за работа и заштита на оштетениот книжен фонд.
Книговезецот Даниела Ристеска претходно беше на куса обука во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и сега секојдневно во соработка со библиотекарите од одделот за зајмување прави селекција на оштетени книги кои со минимална заштита можат да се вратат на полиците и да бидат полезни за читателите, потенцираат од Библиотеката.
OhridNews