Светот оваа година одбележува значаен јубилеј – 150-години од откривањето на Периодниот систем на хемиските елементи од страна на рускиот научник Дмитриј Менделеев.
Во негова чест УНЕСКО ја прогласи 2019 година, за година на Периодниот систем на Менделеев. Одбележувањето на овој јубилеј започна во јануари со голема свеченост во седиштето на УНЕСКО во Париз, а продолжува во текот на годината ширум светот со различни манифестации.
Кон одбележувањето се придружуваат и НУ Библиотека „Григор Прличев” и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. По тој повод, денес, петок 22 март во 12 чaсот, во библиотеката предавање за значењето на таблицата на Менделеев ќе одржи проф. д-р Велимир Стојковски.
OhridNews