Во хотелот Метропол денеска започнува работниот дел од 4-тата банкарска конференција “Нова банкарска визија“ на која учество ќе земат претставници од 35 манки и финансиски организации од регионот.
На конференцијата што се одржува секоја втора година ќе се дискутира за трансформација на филијалите и за успешното функционирање на пазарот на капитал и хартии од вредност.
Организатор на конференцијата е компанијата Пексим, која најави дека на средбата во Охрид ќе е бидат присутни и банки од Блискиот Исток .