Иницирање на поинтензивна соработка со туристичкиот сектор, за подобра организација на европската регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во мај, 2016 година, беше целта на средбата помеѓу претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и претставниците на туристичкиот бизнис сектор од Југозападниот регион на Република Македонија, која деновиве се одржа во Охрид.
-Развојот на активниот туризам ќе доведе до значителни економски бенефиции за Македонија затоа што активните патувања се најбрзо растечкиот сегмент од светската туристичката индустрија. Затоа е и целта на работниот состанок, заеднички да се делува во подготовка на конференцијата, координирање на активностите, подобрување на туристичката понуда и услугата, збогатување на содржината, и создавање на нови туристички продукти, информирата од АППТ.
Отаму објаснуават дека на работниот состанок биле назначени две лица за артикулирање на идеите, проблемите и потребите на туристичкиот сектор и координација на истиот со Агенцијата, за заедничко делување и понатамошни активности во насока на успешна организација на конференцијата.
Исто така на работниот состанок се дискутирале и теми за подобрување на соработката на АППТ и туристичкиот сектор од југозападниот дел на Македонија како и решавање на актуелните проблеми.
OhridNews