Во Охрид денеска започна работниот дел од меѓународната конференција посветена на доближувањето на Македонија кон ЕУ. Организатори на конференцијата што ќе трае до 20 мај се министерството за надворешни работи и Паневропската унија.

Обраќање на конференцијата денеска ќе имаат премиерот Никола Груевски и Дорис Пак -претседател на Комисијата на Европскиот парламент за југоисточна Европа.


Тема на конференцијата е Македонија во ЕУ придонес за европскиот идентитет , а покрај  министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски,  на неа ќе учествуваат и поранешниот претседател на Европскиот парламент Сигберт Албер, Ален Тернуар, претседател на Интернационалната паневропска унија, како и Инго Фридрих, член на претседателството на Европскиот парламент.

Целта на конференцијата што ќе трае до 20 мај е да се даде поддршка на Македонија во напорите за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија.

Г. М.