Со свечен прием што го приреди градоначалникот Александар Петрески синоќа, неформално започна Балканскиот медиумски форум, што во организација на Македонската информативна агенција (МИА) и Бугарската телеграфска агенција (БТА), а во партнерство со А1 Телевизија и весникот „Дневник“ денес и утре ќе се одржува во Охрид.
Градоначалникот Петрески приреди прием за учесниците во х. Славија Спектар
Официјално форумот денеска ќе го отвори министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а поздравни обраќања треба да имаат амбасадорот на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ, Соломон Паси советник на македонската Влада за НАТО-интеграции, амбасадорот на Република Македонија во НАТО Нано Ружин, како и претставник на НАТО-мисијата во Македонија.
Покрај претставниците од 20-ина македонски медиуми, на форумот ќе учествуваат и генерални директори и претставници на новинските агенции од 11 држави од регионот.
Г.М.