За Големиот христијански празник Велигден во Охрид се очекуваат околу 1.500 гости од странство. Според хотелските резервации, најбројни ќе бидат гостите од Србија, Бугарија и Грција.
Хотелиерите информираат дека сеуште има слободни соби во поголемите капацитети. Тие велат дека бројот на странските гости за Велигден ќе бил поголем, доколку не биле проблемите со новите пасоши во Грција.
Имено тие сметаат дека бројот на гостите од Грција, кои традиционално доаѓаат за Велигденските празници во Охрид , оваа година ќе биде помал поради промената на пасошите што се врши во оваа земја.
Велигден е семеен празник па така не се очекува поголем прилив на домашни гости во продолжениот празничен викенд. Потсетуваме дека согласно новиот Закон за празници, 6 април-Велики Петок и 9 април, Втор ден Велигден се неработни денови.