За Новогодишните празници во Охрид се очекуваат над 10.000 гости од Македонија, како и од соседните земји Србија, Грција, Бугарија и Албанија.
Поатрактивните хотелски капацитети во Охрид се исполнети, а за Нова Година резервирани се и дел од приватното сместување и апартманите. Во хотелите најчесто се нудат дво и тридневни аранжмани, а цените се движат од 120 до 200 евра. Цената за дочекот на Новата година во рестораните и кафетериите се движи од 20 до 70 евра.
Охрид во новогодишно руво
Oхриѓани во најголем број по традиција Новата година ќе ја дочекаат во своите домови или на градскиот плоштад кој од синоќа е свечено украсен. Централниот плоштад и парковите околу него синоќа светнаа во новогодишно руво. Го краси елка висока 9 метри на која има илјадници сијалички. За украсувањето на градот кое ќе продолжи и деновиве се потрошени 300.000 денари. Како што веќе објавивме на дочекот на Новата година на градскиот плоштад во Охрид ќе настапат Александра Пилева, Мартин Вуќиќ и охридската група Блум.
дел од новогодишниот амбиент во Охрид
И во соседна Струга хотелите се исполнети речиси до последно место. Цената на тридневен аранжман се движи околу 8.000 денари, а за самиот дочек на Нова година цената е околу 1.000 денари. Годинава во Струга оваа година нема да има е организиран дочек на Новата година во центарот на градот, а како причини се наведуваат незаинтересираноста на граѓаните, но и да се избегнат и несаканите инциденти кои ги имаше минатите години. Локалната соопшти дека парите планирани за дочек на Новата година биле пренасочени за украсувањето на градот.
ohridnews