Во годината што измина Црвениот крст Охрид реализирал 2676 дарувања крв, односно предвидениот план бил надминат и реализиран со 147 %.

-Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството
на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст
Охрид ја поставува на високо рамниште. Потребите од крв и крвни
продукти за задоволување на потребите на здравствените установи во
наШиот град бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст
и службите за трансфузиологија во текот на целата година.Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи. Како гест на благодарност кон нив, а по повод Денот на крводарителството во Р. Македонија,  Црвен крст Охрид на 17.03.2009 год. (вторник), со почеток во 13:00 ч., во  Центарот за култура  “Григор Прличев” во Охрид, организира свеченост на која Ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството, информираат од охридскиот Црвен крст.

Ohridnews