Од 20- ти до 30- ти  јули во Конгресниот центар во Охрид ќе се одржи втората по ред Лидерска академија за млади жени, заеднички проект на Сороптимист Струга и Сороптимист Унијата на Република Турција чии членови се едни од главните промотери на академијата.

На академијата ќе учествуваат повеќе од 20 учеснички и 12 предавачи од државата и странство. Свеченото отворање ќе се одржи на 20 јули во Вила „ Св. Софија“ со почеток во 20.00  часот на кое ќе присуствуваат сите учеснички, предавачи и претставници на амбасади и институции во  Македонија.

Целта на одржувањето на Лидерската академија за млади жени е да им се помогне на младите жени од различни земји да се стекнат со знаења и вештини да станат идни лидери во повеќе професионални области.

OhridNews