Првомајските празници кои годинава имаат политички шмек поради одржувањето на Самитот на претседатели на држави од Централна Европа, до врв го наполнија Охрид. Иако викендот не е продолжен колони возила во текот на целиот ден вчера пристигнуваа во Охрид. Најмногу гости има од земјава, а од странците најмногубројни се туристите од Србија, Косово и Албанија. Според слободни проценки деновиве во Охрид престојуваат околу 10.000 гости. Во центарот раздвижено е како во шпицот на туристичката сезона, низ чаршијата тешко се поминува, а во кафетериите и рестораните се бара место повеќе…
Во Охрид врие како во кошница
фото: Васко Бујароски