Времето денес наутро студено, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени, додека дневните од 22 до 32 сптепени, велат од УХМР.

Во Охрид времето сончево со темепратура во интервал од 6 до 26 степени.

 

Од УХМР додаваат дека до понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.