Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во северните делови краткотрајно ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 24 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Охрид времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 28 степени.
Следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела и особено во сабота ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews