Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура од 10 до 16 степени, додека максималната од 26 до 35 степени. УВ=8.
Во Охрид времето сончево со умерена облачност и топло. Температура во интервал од 13 до 30 степени.
Во петок попладне и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, велат од УХМР.
OhridNews