Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ= 9
Во Охрид времето денес сончево со температура во интервал од 13 до 27 степени.
Утре и во четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Од петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, велат од УХМР.
OhridNews