Сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Охрид времето денес сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
OhridNews