Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Охрид времето сончево. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според УХМР, и во сабота ќе се задржи стабилно, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.

OhridNews