Претпладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе е западен и повремено со засилен интензитет.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 21 до 34 степени.
Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Денес ќе има појава на краткотраен дожд во планинските региони на западот каде што ќе дува и умерен до засилен претежно западен ветер (над 60 км/час). Утре во најголемиот дел од земјата ќе дува засилен западен ветер и ќе започне период на претежно стабилно време со повремено зголемена облачност и локална појава на краткотраен дожд во планинските региони. Од вторник дневната температура ќе биде пониска за 4 до 6 степени.
OhridNews