Во јануари годинава на ниво на држава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари, што е за 41.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во Охрид во јануари 2024 година се издадени 19 одобренија за градба од кои 14 на приватни лица како инвеститори, а 5 на деловени субјекти. Предвидена е изградба на 150 станови со вкупна корисна површина од 10460 м2. Вредноста на објектите изнесува 425 293 илјади денари. Истиот месец во Струга не е издадено ниту едно одобрение за градба, покажуваат податоците на ДЗС.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење на ниво на држава, 166 (64.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (18.8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16.4 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 256 објекти, на 164 (64.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 м2.
OhridNews