Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) на ниво на држава во октомври 2024 година се издадени 363 одобренија за градење, што е за 11.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 469 616 илјади денари, што е за 12.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Во октомври во Охрид биле издадени 7 одобренија за градење. Од нив едно на физичко лице, додека 6 на деловни субјекти. Предвидена е изградба на 41 стан со вкупна корисна површина од 2.163 м2. Во Струга е издадено едно одобрение за градба на физичко лице, додека во Дебрца не се издадени одобренија за градење, покажуваат податоците на ДЗС.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење на ниво на држава, 216 (59.5%) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20.7%) за објекти од нискоградба и 72 (19.8%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 363 објекти, на 223 (61.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 140 (38.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81 247 м2.
Н.С.Ј.
.