На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 215 лица (Охрид-90, Струга-103, Кичево-22). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 116 лица (Охрид-21, Струга-46, Кичево-13, Дебар-46).

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие (10/11.06.2020 година), на подрачјето на СВР Охрид, четири лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Охрид-3,Кичево-1). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206 „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во истиот период, полициските службеници констатирале 111 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-31, Струга-37, Кичево-35, Дебар-08). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид -19, информира СВР Охрид.

OhridNews