Најстудено утрово е во Берово со – 4 степени целзиусови, во Охрид најтопло со измерени 6 степени.

Како што соопштија од УХМР, -1 степен утрово до 07.30 часот се измерени во Скопје-Петровец и Струмица, нула во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Гевгелија и Попова Шапка, 1 степен во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци и Лазарополе, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Крушево, Дојран и Маврови Анови, 4 степени во Прилеп, Виница и Дебар.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2). Четири во Попова Шапка, 3 Дебар, 2 Крива Паланка, Виница, Лазарополе, 1 Тетово, Маврови Анови, Штип, Струмица и Крушево.

Во 7 часот висината на снежната покривка е 5 сантиметри во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Охрид променливо облачно со слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

OhridNews