Најстудено утрово е на Попова Шапка -12 степени и во Берово -10, во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица и Маврови Анови се измерени минус шест, во Виница, Кавадарци, Крушево минус пет, во Гевгелија минус 4, Прилеп и Дојран минус три, Битола и Куманово минус два, во Скопје минус еден и нула во Охрид, соопшти УХМР. На Попова Шапка има шест сантиметри снег, во Пожарена два, а во еден сантиметар во Ѓуриште.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.

Во Охрид променливо облачно и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Утре и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи.

OhridNews