Охрид овој викенд не е преполн со туристи, но се уште се чувствува раздвиженост. Особено на плажите и во центарот на градот. Можат да се забележат и групи странски туристи, кои љубопитно ги разгледуваат убавините на балканскиот Ерусалим, се интересираат за занаетчиските произвори, познатиот охридски бисер и секако сакаат да ги пробаат вкусните национални јадења. На една таква прошетка низ Охрид денеска затекнавме група туристи од далечниот исток. Со чадори за заштита од сонце, шетаа низ центарот и го “ловеа“ секој детаљ со фото-апаратите.


OhridNews