Ден пред терминот за предвремените парламентарни избори, во Охрид денеска своето право на глас го остваруваат 230 болни и изнемоштени лица, како и 13 затвореници.

Како што информираат од Општинската изборна комисија, гласањето на 10-те парламентарни избори, 5-ти вонредни,  започнало навреме и се одвива без проблеми, со соодветни здравствените протоколи предвидени за овие избори кои се одвиваат во ек на пандемија предизвикана од корона вирусот Ковид 19.

Во Општина Струга, пак, за гласање денеска се пријавиле 170 болни и изнемоштени лица, како и 25 затвореници. ВО Општина Дебрца денеска своето право на глас можат да го остварат 28 болни и изнемоштени лица.

Поради актуелната здравствена криза, за прв пат во историјата на земјата изборите се спроведуваат три дена. Вчера гласаа лицата болни од Ковид и лица во изолација. Избирачките места на денот на изборите, 15 јули, ќе бидат отворени во 7 часот, а се затвораат два часа подоцна од вообичаено, во 21 часот, поради здравствените протоколи кои се очекува да го забават процесот на гласање.

OhridNews