Во Охрид денеска ќе се одржи стручен состанок „Една вакцина за сите“ што е наменет за матични лекари, педијатри и гинеколози.

Состанокот е резултат на соработката на Комисија за имунизација при Министерство за здравство и Центар за семејна медицина Медицински Факултет, со цел воведување на 9-валентна ХПВ вакцина во редовниот вакцинален календар.

Како што е најавено од организаторите, на состанокот ќе се обратат проф. д-р Катарина Ставриќ -Медицински Факултет, Скопје на тема „Опфат со задолжителната имунизација на деца во Македонија за 2023 година со осврт на ХПВ вакцина“, за „Медицинско значење и безбедност на ХПВ вакцина“ ќе говори проф д-р Александра Грозданова – Фармацевтски факултет, Скопје, додека за „ ХПВ асоцирани заболувања“ ќе говори доц. д-р Ирена Алексиоска Папестиев – ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство, Скопје.

Состанокот е акредитиран од Лекарска Комора со четири бода.

OhridNews