Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, денеска во Охрид, во вила „Билјана“ оствари работна средба со Претседателот и извршен директор на канадската телекомуникациска компанија “Нортел”, Мајк Зафировски и со група угледни и успешни светски бизнисмени со македонско потекло претставници на проектот “Македонија 2025”.


претседателот Црвенковски со членовите на „Македонија 2025“

На средбата Претседателот Црвенковски ги  информираше гостите за актуелната ситуација во Република Македонија и ги запозна со приоритетите за нејзиниот економски развој и за напорите за интеграциите во НАТО и ЕУ. Претседателот Црвенковски укажа на фактот дека македонските интеграции во голема мера се условени од економскиот развој. Тој притоа ги искажа очекувањата од придонесот на нашите иселеници преку проектот “Македонија 2025”, соопшти кабинетот на претседателот.

Гостите, предводени од Мајк Зафировски, во придружба на Џон Битов и претставници на проектот изразија задоволство од средбата со Претседателот Црвенковски и од можноста неопсредно да го запознаат за нивните активности во поврзани со остварувањето на проектот кој ги обединува нашите иселеници од бизнис заедницата, а  на полето на привлекување на странски инвестиции и севкупен економски развој на земјава.

Претседателот Бранко Црвенковски за Мајк Зафировски и групата бизнисмени во Вила Билјана во Охрид приреди ручек.

ohridnews
фото_ „Миа“