Во општата болница во Охрид денеска со работа ќе почне вториот регионален центар за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција наменет за ран третман на деца со аутизам АДХД и Аспергеров синдром. Претходно ваков центар беше отворен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

На отворањето најавено е присуство на првата дама, сопругата на претседателот Елизабета Георгиевска Пендаровска, Министерот за здравство Филипче, Министерот за здравство на Република Бугарија Ананиев, претставници на дипломатскиот кор и други званици.

Центарот на површина од 250 метри квадратни, располага со дефектолошки и логопедски кабинети кои се опремени со разновидни дидактички материјали кои се соодветни за потребите на децата, сензомоторна и мултисензорна соба, како и други потребни услови за работа на ангажираниот персонал.

Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“. Проектот се реализира со поддршка на Министерство на здравство, кое ги отстапи просторите за користење во рамки на Општата Болница во Охрид и болницата Св. Еразмо. Реконструкцијата и опремувањето на центрите е финансирано од страна на змбасадите на Република Бугарија и Република Чешка во Скопје.

OhridNews