Сите 89 гласачки места во општина Охрид се отворени на време утрово во 7 часот, информира претседателот на Општинската изборна комисија Димитрија Вревезоски.

– Избирачките места беа благовремено отворени во 7 часот. Има на неколку места промена на просториите кои се гласа, но тие се близску до местата каде се гчасасше на претходните избори. Кај нас имаше неколку барања на граѓани за проверка на избирачкиот список кои ги упатувавме до Државната изборна комисија. – изјави Вревезоски.

На Локалните избори во Охрид право на глас имаат 52.858. гласачи.

Гласањето почна на време и во Струга, Вевчани и Дебрца, каде денеска освен за локални избори се одржува и референдум за регионалната депонија.

OhridNews