Шестата Конференција за борба против корупција – предизвиците за проширувањето на ЕУ, денеска започна во Охрид. Централни теми на конференцијата ќе бидат реформите за пристапување кон ЕУ и борбата против корупција и перење пари.

На собирот свое обраќање ќе имаат премиерот Никола Груевски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски и министрите за надворешни работи и за правда, Антонио Милошоски и Михајло Маневски.

На конференцијата што ја организираат Владата на Република Македонија и
Министерството за правда, во соработка со Transparency International и
Транспарентност нулта корупција Македонија, учествуваат претставници на
повеќе од 45 држави од Европа и Азија.

Ohridnews