Во Охрид се евидентирани 14 случаи на неревакцинирани или  невакцинирани деца, беше истакнато на прес конференцијата по повод  Европската недела на имунизација.

“Европската недела на имунизација”- 21-27 април, ќе биде одбележана  под мотото “ЗАШТИТИ, СПРЕЧИ, ВАКЦИНИРАЈ”, Одделот за превентива при Здравствен дом Охрид, Заводот за здравствена заштита и Црвен крст Охрид со цел промоција на вакцинирањето како ефикасна мерка за заштита и  превенција на населеието од болести, во текот на оваа недела ќе организираат  низа актвности. Ќе  се направи увид во постојната документација за имунизација со цел да откривање на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца, како и план за организирано повикување, ни изјави Сашо Точко, претседател на охридскиот Црвен крст. Покрај ова ќе биде изработен и видео спот за поддршка на кампањата кој ќе биде презентиран на локалните медиуми.


Презентирани активностите по повод Европската недела на имунизација

Активностите по повод “Европската недела на имунизација” започнаа  на 14 април  со предавања во сите основни училишта во Охрид и Дебарца, на кои лекари од Здравтвен дом и Завод за здравствена заштита ги запознаваа учениците со важноста од редовно и целосно вакцинирање, болестите кои се спречуваат со вакцинацијата и сл. Исто така во соработка на Здружението на Египќани беше извршена вакцинација на 4 деца од оваа популација кои не беа редовно вакцинирани, информираат од Црвениот крст.

Во текот на Неделата на имунизацијата екипите на Црвен крст Охрид со екипи на Одделот за превентива при Здравствен дом Охрид ќе ги посетат приградските населби во Охрид и селата во Охрид и Дебарца со цел пронаоѓање и вакцинирање на невакцинирани и нередовно вакцинирани деца.

Вакцинацијата се смета за една од најефикасните и најисплатливите здравствени интервенции. Таа кај нас е регулирана со законска регулатива и се врши согласно Правилникот за задолжителна имунизација кој секоја година го носи Владата на РМ. Задолжителната имунизација е континуирана за сите деца и младинци од 0-18 години кои се вакцинират против следните болети: туберкулоза, детска парализа, мали сипаници, ааушки, црвенка и хепатитис Б. Во текот на оваа година се планира да се воведе како задолжителна и вакцина против Хемофилу инфлуенца.

ohridnews